Напаѓачот на националниот тим на Србија, Душан Влаховиќ, ја пофали играта на својот тим во второто полувреме при поразот од Англија со 0-1 во натпреварот од првото коло на групата Ц на ЕВРО 2024.
„Игравме против еден од фаворитите на турнирот. Беше многу тешко во првото полувреме, игравме со преголема почит кон противникот. Англија заслужи да победи, тие се силен тим, чии резултати говорат сами за себе. Меѓутоа, во второто полувреме покажавме дека можеме да играме рамноправно со таков противник. По паузата малку се смиривме, можевме да постигнеме гол, но резултатот е реален. Сега треба да се фокусираме на останатите два натпревари во групата“, изјави Влаховиќ.
Во второто коло од групната фаза на Европското првенство, Србија ќе игра против Словенија на 20 јуни. Во третото коло, Србите ќе се сретнат со Данска на 25 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













