
Односот меѓу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и Јувентус е на „историски минимум“, пишуваат италијанските медиуми. Таквата констатација е изведена од фактот што до вчера првиот напаѓач на екипата четврти пат по ред започна меч од клупата во Серија А. Истовремено, тоа му беше и прв меч во кој не влезе во игра, што е дополнително поразувачко за Србинoт и удар на неговата самодоверба.
Во Јувентус изгледа совршено ја процениле формата на својот голгетер пред некое време, виделе дека Влаховиќ веќе одреден период не ги исполнува највисоките стандарди и дека им е потребен некој подобар, поефикасен. Совршено погодија во изборот на напаѓач – Коло Муани е сега играч за кој зборува Италија.
Влаховиќ е ставен на втор план, но далеку од тоа дека за него е сѐ изгубено, иако време има сè помалку, бидејќи март месец е моментот кога двете страни ќе седнат и ќе одлучат за понатамошната соработка. Тогаш ќе се донесе одлука дали Влаховиќ ќе остане во Јувентус или ќе биде ставен на трансфер – листата во јуни.
„Клубот нема намера да го изгуби бесплатно Влаховиќ. Ако не биде продолжена соработката, Кристијано Џунтоли ќе побара од агентот на играчот, Дарко Ристиќ, да му изнесе понуда, ако има за Влаховиќ, но нема да биде лесно да се најде тим што може да му гарантира плата каква што заработува во Јувентус (10,5 милиони, што ќе стане 12 милиони во сезоната 2025/26)“, наведува „Газета дело Спорт“.
Истиот медиум наведува дека во случај на продолжување на соработката клубот сигурно ќе му понуди пониска плата на Влаховиќ, што би можело да биде камен на сопнување за договорот и Влаховиќ би можел да го сфати како чин на недоверба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
