Ерлинг Халанд останува главна цел на Барселона за засилување на позицијата напаѓач следното лето. Меѓутоа, во случај “Каталонците” да не го доведат Норвежанецот, тие го идентификувале Душан Влаховиќ како прва алтернатива, пренесува шпанскиот новинар, Жерар Ромеро.
Влаховиќ моментално е во форма на животот во дресот на Фиорентина, а неговиот договор со италијансиот тим трае до 2023 година. Така, тој може да биде достапен по намалена цена следното лето, а “Трансфермаркт” во моментов го проценува на 50 милиони евра.
Минатата сезона, Србинот забележа 21 гол во 40 настапи за “виолетовите”. Досега, за време на тековната сезона, тој веќе има постигнато шест погодоци и една асистенција на осум настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













