
Работнички со пораз (2-1) од Струга Трим Лум ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаа многу шанси, но не успеаја да реализираат од изгледни позиции. Тоа на крајот се покажа како кобно.
На Александар Влахо и на фудбалерите сега им останува да анализираат и да ги корегираат грешките за натпреварот во следното коло.
„Никој не посакува пораз на стартот. Резултатски секако не можеме да бидеме задоволни. Но, играта беше на задоволително ниво, создадовме неколку одлични шанси, единствено потфрливме во реализацијата. Моравме да бидеме поефикасни, создадовме 6-7 убави можности пред противничкиот гол. Честитки за тимот на Струга Трим Лум за триумфот, ние останува да ја подобриме реализацијата, а верувам дека ќе биде многу поинаку веќе на следниот натпревар кога ќе го имаме на располагање и новото засилување Станиша Крстевски. Се надевам дека до крајот на преодниот рок ќе доведеме уште едно или две засилувања и Работнички ќе игра значајна улога во шампионатот“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Работнички во второто коло на домашен терен ќе го пречека составот на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
