Connect with us

Влахо: Пелистер секогаш е фудбалски предизвик, но ние имаме амбиции во Купот

Тренерот на Работнички, Александар Влахо се надева дека неговиот тим ќе оствари успех на утрешниот прв осминафинален натпревар во Купот на Македонија, иако има целосен респект за домаќинот. Тој вели дека гостувањето во Битола секогаш е фудбалски предизвик, со оглед на клупското реноме на Пелистер. 

„Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во куп-натпреварувањето и ќе сториме се да за извлечеме позитивен резултат во Битола. Со оглед дека влеговме во ритам на натпревари недела – среда – недела, ќе се обидеме да одмориме дел од фудбалерите и да внесеме свежина во тимот. Сепак, нашата цел е јасна, да оствариме позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот. 

Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Работнички е закажан за 15.30 часот под „Тумбе Кафе“ во Битола, а ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови