
Белгискиот тренер Винсан Компани е на листата на кандидати за преземање на Барнли, пренесуваат англиските медиуми.
Заминувањето на Шон Дајш по цели 10 години и грчевитата борба за опстанок се реалноста за клубот, но раководството размислува и за следната сезона. Барнли е во потрага по нов менаџер, а еден од главните кандидати за преземање на таа улога е Винсан Компани.
Поранешниот капитен на Манчестер Сити и легенда на тој клуб моментно го предводи Андерлехт во својата втора официјална сезона на клупата на белгискиот великан. Шансите за титула во Белгија се многу мали, со оглед дека заостанува 10 бода зад лидерот.
Компани се уште минува низ почетната фаза на тренерската школа, па затоа Премиер – лигата може да биде голем чекор за него. Го знае менталитетот на работа во таа земја, а Барнли секако би бил вистински предизвик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
