
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, беше стрелец на вториот гол за „кралевите“ на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. „Кралскиот клуб“ загуби со 4-3 на „Итихад“, но има реални шанси да излезе како конечен победник и да биде дел од уште едно големо финале.
„Имаме уште 90 минути на „Сантијаго Бернабеу“ да направиме пресврт. Нашите навивачи можат да направат разлика. Покажавме карактер, откако многу рано имавме негатива од 0-2. Требаше да бидеме повнимателни во почетните минути. Дали Анчелоти беше лут? Да. Во вакви натпревари треба да се влезе исклучително концентриран. Мене тоа ми одговара, затоа што сакам да играм под притисок“, изјави Винисиус Жуниор.
Реваншот во Мадрид е на 4 мај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)

Втора лига
Беласица ја доби голеадата против Скопје

Интернационалци
Елмас е во Неапол, следи потпис за Наполи (ВИДЕО)
