Реал Мадрид се соочува со нов кадровски проблем по победата од 2-0 над Вилјареал. „Кралскиот клуб“ го загуби Дани Карвахал до крајот на сезоната, а сега и Винисиус Жуниор се соочува со повреда на рамото, поради која би можел да отсуствува околу три недели.
„Винисиус има проблем со рамото, движењата на раката му се отежнати. Ќе видиме за што точно станува збор“, изјави тренерот Карло Анчелоти.
Првичните прегледи покажуваат дека станува збор за истегнување на рамото на Винисиус, што ќе го оддалечи од терените за околу три недели.
Следниот натпревар на Реал Мадрид е гостување против Селта, кој ќе се игра по репрезентативната пауза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













