Connect with us

Винисиус Жуниор е најдобар бразилски фудбалер за 2023 година

Винисиус Жуниор стана победник во изборот за најдобар бразилски фудбалер. Тој ја освои наградата „Златна Самба“ за 2023 година пред Нејмар и пред Маркињос.


Крилниот напаѓач на Реал Мадрид како број еден го наследува Нејмар, кој ја добиваше престижната награда претходните три години.

Прв добитник на „Златната самба“ беше Кака во 2008 година. До 2021 година наградата ја добиваа само фудбалерите кои играат во Европа, но оттогаш сите бразилски играчи во светот можат да се натпреваруваат за неа.

Винисиус се пресели од Фламенго во Реал Мадрид во 2018 година за 35 милиони евра. Неговиот договор со кралскиот клуб е до 2027 година.

Во тековната сезона крилниот напаѓач има 13 настапи и шест гола во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови