Connect with us

Вилјареал ги декласира Столе и другарите (ВИДЕО)

Вилјареал стигна до убедлив триумф (1-5) на гости против Рајо Ваљекано. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше приморан дури петпати да ја вади топката од мрежата од полуфиналистот во Лигата на шампионите.


Педраза во третата минута донесе водство за Вилјареал, а израмни Серхио Гвардиола. Но, Вилјареал до крајот на првиот дел постигна уште три гола.


Фојт, Пако Алкасер и Пау Торес се погрижија за убедливо водство до одморот, а во второто полувреме Педраза уште еднаш погоди, за конечни 1-5.   


По овој триумф, Вилјареал се наоѓа на седмото место на табелата во Ла Лига. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови