
Виљареал и Атлетико Мадрид одиграа 2-2 во возбудлив натпревар од првото коло во Ла Лига.
Мечот започна динамично со четири гола во првото полувреме, но во втората половина од дуелот, играта се смири и резултатот остана непроменет.
Данџума го отвори резултатот за Виљареал во 18. минута, но Атлетико брзо одговори преку Маркос Љоренте.
Коке постигна автогол за нова предност на Виљареал, а новото засилување на Атлетико, Александер Сорлот, го израмни резултатот во 45. минута од мечот.
Во финишот, Хулијан Алварез дебитираше за Атлетико Мадрид, откако влезе во игра на местото на Антоан Гризман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
