Connect with us

ВИДЕО: Вардар ја прегази Ла Фиорита, отворен патот кон следната рунда

Вардар широко си го отвори патот кон следната фаза од Конференциската лига на УЕФА откако славеше убедливо со 3-0 над Ла Фиорита од Сан Марино. Сите три гола во тримфот, Вардар ги постигна во вторто полувреме.

За вардарци, ова беше прва победа по онаа историската со Фенербахче во Турција во 2018 година, по седум порази и едно реми.

Во 47. минута, Азер Омерагиќ со одлична реакција погоди со волеј за 1-0 по нафрлена топка од десната страна. Во 66. и 68. минута, во мрежата на аутсајдерот имаше уште два гола, првиот беше автогол на Мацоти по шут на Јанкулов, а вториот го постигна Роџерс Мато.
Реваншот меѓу Ла Фиорита и Вардар во Сан Марино се игра на 17 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови