
Лука Модриќ (38) тешко го поднесе ремито на Хрватска против Италија (1-1) на ЕВРО 2024, кое резултираше со гол во осмата минута од судиското надополнување, речиси сигурно исклучувајќи ја Хрватска од понатамошниот тек на турнирот. Иако постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот, тоа не му беше никаква утеха.
По натпреварот, беше во солзи, свесен дека можеби ја загубил последната шанса да освои трофеј со Хрватска на големо натпреварување.
Модриќ плачеше од шок, но едно прашање му ги претвори солзите во насмевка. Италијански новинар на конференцијата за медиуми го орасположи. „Би-Би-Си“ објави снимка од неговото прашање и одговорот на Модриќ, под описот „ова е навистина прекрасен момент од конференцијата за медиуми по натпреварот“:
This was a truly beautiful moment in the post-match press conference ❤️#BBCEuros #Euro2024 #CROITA pic.twitter.com/K8VowAgm7m
— BBC Sport (@BBCSport) June 24, 2024
„Лука, добра вечер од италијански новинар. Сакам да ви се заблагодарам за сè што сте покажале, не само вечерва, туку и во текот на целата кариера. Повторно го напуштивте теренот како играч од врвна класа. Промашивте пенал, но веднаш потоа постигнавте гол. Сакам никогаш да не се пензионирате бидејќи сте еден од најдобрите играчи што сум ги коментирал. Ви благодарам“, истакна италијанскиот новинар.
Модриќ му се заблагодари на италијанскиот новинар на италијански јазик. Следеше аплауз од новинарите и одговорот на Модриќ.
„Grazie. Ви благодарам од дното на срцето за овие прекрасни зборови. И јас би сакал засекогаш да играм фудбал, но ќе дојде време кога ќе морам да ги закачам копачките. Ќе играм уште, не знам колку, но ви благодарам за убавите зборови“, одговори Модриќ.
Објавата на „Би-Би-Си“ на „X“ (поранешен Twitter) доби околу 1.5 милиони прегледи до утрово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
