Торино оствари нов триумф во италијанската Серија А, славејќи со 0-2 (0-1) на гостувањето кај Монца во натпреварот од 27. коло, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стрелец на еден од головите.
Тој го отвори резултатот во 41. минута и покажа дека ќе биде супер засилување за „биковите“. Торино водеше со 0-1 на паузата, а во вториот дел ја комплетираше победата со погодокот на Чезаре Казадеи, кој биеше со силен удар под пречката во 66. минута.
Торино заслужено победи и останува на единаесеттата позиција со вкупно 34 бода. Нашиот Ељиф Елмас одигра брилијантен меч и го напушти теренот дури во 90. минута.
Според оценката која ја доби, тоа е 7,2, Елмас беше третиот најдобар играч на теренот на овој дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













