
Македонскиот првак Шкупи загуби (1-2) од косовскиот претставник Балкани на арената „Тодор Проески“ во првиот меч од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. По ова, составот на Гоце Седлоски ќе мора да одигра многу подобро и да ја надомести негативата на реваншот по седум дена на Косово.
Сандеј Адетунџи го доведе Шкупи во водство во 19.минута. Алварез нафрли од левата страна, а Адетунџи со удар со глава ја погоди мрежата.
Сепак, Балкани израмни само четири минути подоцна. Албион Рахмани беше стрелец за косовскиот тим по нафрлената топка од десната страна.
Во второто полувреме Шкупи тргна по победа, но следеше уште една казна. Меритон Кореница во 67.минута постигна гол за пресврт и му донесе триумф на Балкани во Скопје.
Од останатите мечеви од КЛ, Вест Хем го победи Виборг со 3-1, Партизан беше подобар од Хамрун и победи со 4-1, а Вилјареал го совлада Хајдук Сплит со 4-2. Фехервар го изненади Келн на гости и победи со 1-2. Фиорентина го победи Твенте со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
