
Англискиот премиерлигаш Вест Хем се вклучи во трката за 23-годишниот напаѓач на Сасуоло, Џанлука Скамака. Англискиот клуб нуди околу 40 милиони евра плус бонуси, и би можел да ја „украде“ желбата на ПСЖ, кој засега нуди десет милиони помалку.
Француските медиуми најавуваат дека Смакака до крајот на идната седмица треба да се пресели во Париз, но од друга страна понудата на Вест Хем е конкретна и Сасуоло би можел многу брзо да се премисли и да дозволи трансфер на италијанскиот репрезентативец во Премиер – лигата.
Вест Хем се надева дека во новата сезона ќе се бори за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal