Connect with us

Вест Хем е навистина многу силен: „Чеканите“ го доведоа и Тодибо од Ница

Вест Хем успеа да го комплетира трансферот на Жан-Клер Тодибо. 24-годишниот дефанзивец пристигнува од Ница како позајмен играч, но во договорот има опција за комплетен откуп за сума од 40 милиони евра.

„Многу сум возбуден што пристигнав во Вест Хем. Ова е остварување на сонот, да играм во Премиер лигата, најдоброто првенство во светот. Ова е одлична можност за мене да бидам дел од клуб со големи амбиции, кој сака да се развива под водство на новиот менаџер. Почувствував дека ова е вистинскиот момент да дојдам во Вест Хем, во срцето на Лондон“, изјави Тодибо.

Тодибо е седмото ново засилување за Вест Хем ова лето. По назначувањето на Хулен Лопетеги за нов менаџер, клубот ги доведе Макс Килман, Луис Гиљерме, Кришенсио Самервил, Никлас Фулкруг, Гвидо Родригес и Вес Фодерингем.

Интерес за Тодибо покажа и Јувентус, но италијанскиот клуб не успеа да постигне договор со Ница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови