Connect with us

Верона го именува Салваторе Бокети за нов тренер

Италијанскиот калчолигаш Верона официјално го објави својот нов тренер, Салваторе Бокети, кој доаѓа од Примавера тимот, а пред само еден месец доби и тренерска лиценца од УЕФА. Поранешниот дефанзивец има искуство и како помошник на Игор Тудор, кој ги водеше „жолто-сините“ во последната сезона.


Се уште не е јасно колкава е должината на договорот за 35-годишниот Бокети, кому ќе му треба Про – лиценца за да го води тимот на долгорочен план. Тој го наследува Габриеле Чофи.

Бокети како фудбалер настапуваше за Асколи, Ланчиано, Фросиноне, Џенова, Рубин Казан, Спартак Москва, Милан, Верона и за Пескара.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови