Европскиот првак Италија е првата пречка на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство. “Аѕурите” во последен момент го испуштија директниот пласман на мундијалот, а Марко Верати повикува на внимателност пред дуелот в четврток.
“Мораме да бидеме максимално фокусирани. Нема други шанси за поправен, а јасно е дека за Македонија е ова животна шанса. Треба да бидеме внимателни, посебно на нивните противнапади. Квалитетот е на наша страна, но ќе мораме да одигрме најдобро што знаеме. За финалето ќе размислуваме дури откако ќе ја минеме Македонија”, изјави Марко Верати.
Стадионот “Ренцо Барбера” е распродаден, сите 36.000 билети пламнаа експресно. Се очекува да бидат присутни и околу 1.500 македонски фанови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













