Connect with us

Венгер: Мојата најголема фудбалска грешка е што не го доведов Роналдо во Арсенал

Францускиот стратег Арсен Венгер сега работи за ФИФА, а призна дека негова најголема фудбалска грешка е тоа што пропуштил да го доведе Кристијано Роналдо во Арсенал. Во 2003 година, речиси имале договор со неговата мајка да потпише за „топчиите“. Но, тој замина во редовите на големиот ривал Манчестер Јунајтед. 

„Не ми е жал што неколку пати ги одбив понудите на Реал Мадрид. Навистина сакав да останам во Арсенал и да работам во Англија. Мојата најголема фудбалска грешка што веројатно никогаш нема да си ја простам е тоа што пропуштив да го доведам Кристијано Роналдо. Во 2003 година водевме сериозни преговори со тогаш 18-годишниот Роналдо, речиси се беше договорено, а јас му ветив дека ќе биде еден од фудбалерите на кои ќе се потпира тимот. Бевме на ручек со неговата мајка и практично се беше договорено со семејството и со Спортинг Лисабон. И тогаш Манчестер Јунајтед го ангажираше Карлос Квеирош за асистент на сер Алекс Фергусон, а тој беше главната причина поради која младиот Кристијано на крајот реши да замине на „Олд Трафорд“. Да, точно е, сме се обидувале да ги доведеме и Меси и Ибрахимовиќ, но со Кристијано Роналдо практично веќе бевме договорени за трансферот“, раскажува Арсен Венгер. 

        

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови