Фудбалската репрезентација на Македонија има водство (0-1) по првото полувреме на дуелот против Лихтенштајн во Вадуц. Доминацијата во поле конечно со гол ја круниса дефанзивецот Дарко Велковски во 39.минута. Тој одлично се снајде, прво го погоди дирекот со удар со глава, а откако Чурлинов ја врати топката во петерецот, Велковски постави нога и ја испрати во мрежата.
Македонија имаше уште неколку одлични шанси за гол во првиот дел. Милан Ристовски шутираше со глава, но над голот по центаршутот на Алиоски од левата страна.
Елиф Елмас можеше да постигне гол, но пред гол – линијата топката го удри Трајковски кој беше во офсајд позиција. Елмас уште еднаш се закани со удар со глава, но шутираше за малку крај дирекот, а Чурлинов од пет метри погоди во дефанзивецот на Лихтенштајн, по што топката удри во дирекот и застана на гол – линијата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski