Connect with us

Вељко Пауновиќ ќе го наследи Пикси како селектор на Србија

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа тежок пораз од Албанија (0-1) во Лесковац. По мечот со кој Србите ги загубија реалните шанси за пласман на СП 2026, почнаа шпекулации за смена на селекторот.

Според информациите на ТВ „Арена спорт“, нов селектор треба да биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот поднел оставка до раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Пауновиќ неодамна доби отказ од шпанскиот прволигаш Овиедо. Во јавноста е најпознат по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.

По тој успех, работеше во Мексико, Англија и САД. Со Овиедо направи историски подвиг – го врати клубот во Ла Лига по 24 години.

Официјална потврда од Фудбалскиот сојуз на Србија се очекува во следните денови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови