Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни стави крај на богатата фудбалска кариера за да стане перманентен тренер на Дерби. Тој потпиша договор на две и пол сезони со Дерби и ќе ја извршува менеџерската функција.
35-годишниот напаѓач досега беше привремен тренер, а паралелно беше и играч на тимот.
„Ја сакав секоја минута како фудбалер, но дојде крај на мојата кариера. Сега се посветувам на менаџерската функција. Кога пристигнав во Дерби бев позитивно изненаден од потенцијалот на клубот, од Стадионот, тренинг центарот, квалитетот на играчите, младите фудбалери, како и од навивачката база. Ми претставува да ја извршувам менаџерската функција и можам да ветам пред сите наши фанови дека ќе сторам апсолутно се за да ги остварам целите на клубот“, изјави Вејн Руни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













