
Македонскиот стратег Александар Васоски со тимот на Сараево го загуби големото дерби против Железничар со 2-0. Гостувањето на „Грбавица“ се покажа како непријатно, со оглед дека остана со играч помалку поради исклучувањето на капитенот Амер Дуповац.
Армин Хоџиќ во 31.минута го доведе Железничар во водство, а триумфот го потврди Ермин Зец во последните мигови од натпреварот. Крсте Велкоски и Даниел Аврамовски влегоа во игра во тимот на Сараево во текот на натпреварот.
Сараево по овој пораз се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 33 бода.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
