
Стратегот на Вардар, Александар Васоски, не го крие разочарувањето откако временските непогоди предвреме завршија уште еден меч на „црвено-црните“ на подготовките во Словенија, овојпат против екипата на Ал Аин.
„„Бевме подобар противник, имавме три стонастотни шанси во првиот дел, но за жал се одигра само едно полувреме. Задоволен сум од тоа како одигравме во тие 45 минути особено по порзот од Горица, и бевме блиску до водство. Меѓутоа ете, натпреварот не се одигра и тоа е на некој начин хендикеп за нас. Се надевам дека на следните два меча ќе биде се во ред“, истакна тренерот на Вардар.
Севкупно гледано, тој е задоволен од текот на подготовките со исклучок на непредвидените прекини на контролните средби со Дравиња и со Ал Аин.
„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред“, истакна Васоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
