Македонскиот фудбалски великан Вардар пристигна во Болоња, Италија, како дел од своето европско патување во рамки на квалификациите за Конференциската лига. Оттаму, „црвено-црните“ ќе продолжат кон Сан Марино, каде во четврток ги очекува реванш натпреварот против тимот на Ла Фиорита.

Тимот отпатува во комплетен состав, а интересен детал е што играчите и стручниот штаб ќе патуваат до крајната дестинација со новиот клупски автобус – што дополнително ја збогатува атмосферата и дава симболика на обединетост и амбиција. На автобусот ја има паролата „Многу си моќен“.
Вардар има голема предност од првиот дуел одигран во Скопје – триумфираше со убедливи 3-0 и сега е на чекор до пласман во следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













