
Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска гостува во Турново и оди на мегдан на Брера. Струмичани се извлекоа подалеку од опасната зона, но сигурно дека сакаат со триумф тоа да го потврдат.
Тренерот на Брера, Бојан Круљ, очекува тежок дуел против Вардар.
„Сигурен сум дека ќе имаме тежок натпревар. Важен како за нас, така и за нив. Мислам дека ние со овој дуел, доколку оствариме победа, можеме да го решиме опстанокот во лигата. Ќе дадеме сѐ од себе, а среќен сум што можам да располагам на целиот ростер“, изјави Круљ.
Работнички на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП. Стефан Деспотовски најави дека „романтичарите“ сакаат да ја продолжат позитивната низа.
„Работнички сака позитивниот моментум да трае што подолго. Се наоѓаме во одлична низа и ќе сториме сѐ да продолжиме во ист стил и на натпреварот против Македонија ЃП. Противникот е во незавидна позиција на табелата, но според квалитетите на тимот секако заслужува многу повеќе. Затоа, нема опуштање, максимално сме фокусирани и посветени и нашата цел се нови три бода. Верувам дека ако ги исполниме задачите на тренерот Горан Станиќ, ќе успееме да ја реализираме целта за нов триумф“, изјави Деспотовски.
Капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски, вели дека неговиот тим нема друг избор триумф и три бода.
„Денес мораме да дојдеме до позитивен резултат со Работнички, за да не останеме како играчи кои биле дел од испаѓање во Втора лига. И покрај многуте повредени играчи, нема да бараме алиби и ќе се бориме до крај“, изјави Мишевски.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум ја има добитната комбинација за освојување на титулата во свои раце, потребни им се пет победи во преостанатите пет кола за сигурно да го освојат трофејот, а денеска го пречекуваат Силекс.
Шкупи со новиот тренер Ернест Ѓока ќе се обиде во финишот да ја прескокна Струга ТЛ во трката за титулата, а и Шкендија има свој план како да стане шампион.
Во Охрид меѓусебна пресметка ќе имаат Воска Спорт и Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО (16 Ч.)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕРА – ВАРДАР
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
