Најтрофејниот македонски клуб Вардар го објави деталниот план за зимските подготовки. Главната фаза ќе се одржи во Анталија, Турција, од 18 јануари до 8 февруари, во пресрет на пролетниот дел од сезоната.
Во текот на подготовките, „црвено-црните“ ќе одиграат пет пријателски натпревари против респектабилни ривали.
- 22 јануари: Актобе (Казакстан)
- 26 јануари: Сабуртало (Грузија)
- 29 јануари: Верес (Украина)
- 31 јануари: ФК Цсквар (Унгарија)
- 5 февруари: Рапид Виена (Австрија)
Овие натпревари ќе бидат одлична можност за тимот да ја подигне формата и да ги тестира новите тактички замисли на Гоце Седлоски пред продолжението на сезоната. Вардарци се засилија со неколку нови имиња, а сигурно дека ќе има уште неколку засилувања до почетокот на вториот дел од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal