
Дефанзивецот на Вардар, Коста Манев, реши да си замине од таборот на „црвено-црните“ потпишувајќи едногодишен договор со екипата на Вележ од Мостар.
„Можеме да потврдиме дека постигнавме договор за соработка со 26-годишниот Коста Манев, кој стави потпис на договорот со важност до крајот на сезоната 2019/2020. Му посакуваме на Манев многу здравје, среќа и успех во настапите за нашиот клуб“ – објави прволигашот на БиХ на својата веб-страница.
Коста Манев своето детство го минал во Финска, каде ја почнува и професионалната кариера носејќи го дресот на Викингит, Клуби 04, ПК 35, Хонка и Интер Турку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
