
Вардар и Беса на комплексот на ФФМ денеска (16 часот) го отвораат новото 29.коло од Првата фудбалска лига. „Црвено-црните“ сакаат да ја продолжат својата серија без пораз и да дојдат до 13-ти меч без да ја почувствуваат горчината на поразот, а Беса е под притисок дека мора да освојува бодови за бегство од дното на табелата.
Двата тима добро се познаваат, на клупата на Беса е Горазд Михајлов, кој ја стартуваше сезоната токму на клупата на Вардар, а „црвено-црните“ ги предводи Гоце Седлоски, кој го препороди тимот.
Вардар и Беса веќе се сретнаа оваа пролет на Националната арена „Тодор Проески“ и дуелот заврши без голови.
Освен овој меч, утре од 16 часот се играат и дуелите Пелистер – Тиквеш, Шкендија – Шкупи, Силекс – Струга Трим Лум, Гостивар – Работнички, додека во понеделник на програмата е натпреварот Брера – Воска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
