Connect with us

Вардар со пресврт го победи Работнички

Вардар стигна до победа од 3-1 против Работнички и се искачи на првото место на табелата во Првата МФЛ. Со пресврт, но и со одлуки на судијата Игор Стојчевски, кој досуди пенал за Вардар, а потоа во вториот дел и го исклучи Бесир Демири, капитенот на Работнички.

Демир Имери го доведе Работнички во водство во седмата минута, а во 41.минута беше досуден пенал за “црвено-црните” поради игра со рака на Бесир Демири. Спорната ситуација се прегледуваше во ВАР собата, но на крајот беше прифатена одлуката на Стојчевски. Пеналот успешно го реализираше Давид Бабунски.

Во вториот дел, Работнички остана со играч помалку откако беше исклучен Бесир Демири, а набрзо Вардар направи пресврт со голот на Диего Кастанеда во 59.минута.

Третиот гол на Вардар беше дело на Роџерс Мато во 69.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови