
Вардар го доби вечното дерби против Пелистер, славејќи во Битола со 1-3. Роџерс Мато е херојот на вардарци, кој постигна два гола за триумф во второто полувреме, заблагодарувајќи му се на тренерот Гоце Седлоски за шансата за настап во продолжението од дербито.
Пелистер поведе во 11.минута со голот на Вилдан Керим, а девет минути подоцна беше досуден пенал за Вардар. Михаил Талевски, екс-играчот на Пелистер падна во шеснаесетникот, а домашните фудбалери бурно реагираа истакнувајќи дека нема прекршок за најстрога казна. Но, сепак, Горан Закариќ успеа да погоди за израмнување во 20.минута.
Во вториот дел, на „покиснатиот терен“, разликата ја направи брзината на Роџерс Мато. Во 75.минута доби употреблива топка по левата страна од Тодоровски и успеа да погоди пласирајќи во спротивниот агол, а потоа се упати да слави директно пред „Чкембари“.
Само седум минути подоцна, Мато уште еднаш покажа колку е брз, а овојпат постигна уште поубав, спектакуларен гол.
Дербито ги оправда очекувањата, ако се знае дека теренот поради силниот дожд во Битола воопшто не беше на потребното ниво за фудбалски натпревар.
Во секој случај, најважен е хуманитарниот карактер, целиот приход од натпреварот беше наменет за трагедијата во Кочани, а во 59.минута мечот беше запрен, а со громогласен аплауз беше оддадена почит за настраданите, како и поддршка за повредените, со желба побрзо да оздрават.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
