
Раководството на ФК Вардар преку соопштение до јавноста информираше за безбедносните мерки што ќе бидат преземени за време на утрешниот натпревар од Купот на Македонија против Шкендија. Мечот е прогласен за дуел од висок ризик, па на трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе нема место за гостинските навивачи.
„Фудбалскиот клуб Вардар ви соопштува неколку информации поврзани со утрешниот натпревар од 1/8 финалето од Купот на Македонија со Шкендија, кој ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“. Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и од тука нема да биде дозволено присуство на гостински симпатизери. За овој меч ќе бидат отворени само јужната и западната трибина, додека источната ќе биде затворена, а на северната ќе присуствуваат само службените лица.
Билети ќе се купуваат на билетарницата на Националната Арена, и за секој купен билет, ќе мора да биде приложен документ за идентификација. ФК Вардар уште еднаш апелира на сите кои ќе дојдат на стадионот за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без фрлања на предмети на теренот. Дајте му поддршка на нашиот тим да стигне до добар резултат од ова дерби, и да ја продолжи победничката серија и во Купот“ – се вели во соопштението на ФК Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
