Лидерот Вардар отпатува за Анталија каде ќе остане до 4.февруари и ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Во експедицијата на тренерот Александар Васоски го нема младиот стопер Никола Серафимов, кој најверојатно ќе го напушти клубот и ќе замине во српскиот клуб Вождовац. Тој поднел барање за раскин на договорот со „црвено-црните“, со оглед дека клубот нема исполнето голем дел од обврските.
Вардарци во Анталија од 20.јануари ќе почнат со пријателски натпревари и имаат закажано шест „контроли“, со Хајдук Сплит, Динамо Киев, Бачка Топола, Црвена Звезда, Борац Бања Лука и со Мура.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













