
Второлигашот Вардар Неготино преку официјално соопштение се извини до јавноста за инцидентот по завршувањето на мечот со ГФК Охрид во Втората лига.
Неслужбено лица жестоко го нападна голманот на Охрид по крајот на натпреварот, поради што ФФМ денеска го суспендираше теренот во Неготино.
Од Вардар Неготино информираат дека натпреварот со Башкими како домаќини ќе го играат на СЦ „Пандев“ во Струмица, в сабота од 14 часот, без присуство на публика.
„Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за настанатата ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ.
Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ. НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС!
Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион. Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14 часот.
Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред“, се вели во соопштението на Вардар Неготино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
