
Во последните неколку сезони дуелите меѓу Шкендија и Вардар значеа и дерби на сезоната. Но, овојпат не е така, со оглед дека вардарци се далеку од трката за врвот на табелата. Шкендија е лидер, има силен тим и амбиции да го задржи првото место до крајот на шампионатот. Вардар е во непријатна позиција, клубот едвај живурка во моментот, а Никола Илиевски Џиџи има млад и недоволно подготвен тим кој некако треба да го истурка првенството до крајот.
И, секако, да го сочува образот на најтрофејниот македонски колектив. И без тоа, традицијата не е на страната на Вардар, кој нема победа против Шкендија на последните 13 меѓусебни натпревари.
„Не се предаваме, но јасно е дека Шкендија е фаворит во овој момент и од тоа не може да се бега. Кај нас ситуацијата во клубот одамна не е според посакувањата, но Вардар секогаш ќе игра најдобро што може и знае дека ја има поддршката од навивачите“, вели Никола Илиевски Џиџи.
Шкендија нема да се залаже со фактот дека Вардар во моментот има млад и недоволно подготвен состав.
„Вардар има квалитет, па иако знаеме во каква ситуација е во моментот, тоа нема да не залаже. Ние сакаме да продолжиме со победите, фокусирани сме максимално и очекуваме триумф“, истакнува тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
На останатите натпревари денеска (14 часот) се среќаваат: Пелистер – Ренова, Беласица – Струга Трим Лум, Македонија ЃП – Борец, Шкупи – Академија Пандев. Вчера, Работнички ремизираше (1-1) против Силекс.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Реал остана без Менди во следните два месеци

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Прва лига
Алтипармаковски се враќа во Брегалница
