Connect with us

Вардар конечно го добива пехарот, па со Работнички во нова битка да се извлече некој бод

Работнички, како ретко кога изминативе години, со отворена шанса за триумф во градската дерби пресметка против Вардар во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Вардарци“ денеска на „Тодор Проевски“ треба официјално да го добијат и пехарот за освоената шампионска титула минатата сезона, но само како потсетување на тимот кој минатата сезона изненади многумина и покрај финансиските проблеми поради несериозноста на сопственикот Сергеј Самсоненко. Оваа сезона во Првата лига е еден сосема друг Вардар кој прима и по четири гола од Силекс, дома.

Тимот на Ратко Достаниќ се крена по почетниот пораз и посакува да го земе скалпот на најтрофејниот македонски клуб.

Во останатите два денешни натпревари, Академија Пандев конечно во обид за првите бодови против Струга Трим Лум, исто како и Беласица која ќе има тешка задача на гостувањето против Македонија ЃП.

Академија Пандев сигурно очекуваше подобар старт, а тренерот Таневски и фудбалерите ќе мора да покажат многу повеќе на дуелот против Струга Трим Лум ако сакаат да ја прекинат лошата низа. Беласица се врати во елитата, но засега не покажува силни знаци на живот. Денеска ја очекува тешко гостување во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП ретко ги препушта бодовите, иако Шкендија успеа да ги „открадне“ во минатото коло. Тренерот Жикица Тасевски силно ќе ги мотивира „лавовите“ да ја прекинат мини-низата од два порази, а на гости им доаѓа Робсон да Силва овојпат во дресот на Беласица.

Четвртото коло ќе биде развчелено до понеделник. Утре на програмата е мечот Шкупи – Пелистер, а два натпревари се закажани за в понеделник: Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО (ДЕНЕСКА, 16.30 ч)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (УТРЕ, 16.30 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (ПОНЕДЕЛНИК, 16.30 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови