Најтрофејниот македонски клуб Вардар и српскиот првак Црвена Звезда, клубот кој е поранешен светски и европски првак, единствен од таков ранг во регионот, ќе одиграат пријателски хуманитарен меч на 16 април во Скопје, а средствата собрани од овој спектакл ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во огромната трагедија во Кочани.
Релацијата меѓу двата клуба секако е силна, тука се Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои имаат одлични односи и ги носеа дресовите на двата клуба, а со Црвена Звезда станаа светски и европски клупски прваци.
Денеска и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, најави дека ќе предложи да се одигра пријателски хуманитарен натпревар меѓу селекциите на Србија и на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













