
Вардар новата натпреварувачка сезона од Првата македонска фудбалска лига ја стартува денеска (17:30 ч.) против Македонија ЃП со дуелот на стадионот на тренинг центарот на ФФМ.
За првпат „вардарци“ ќе бидат домаќини на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Аеродром верувајќи дека ќе им донесе среќа и за почетна победа во новата сезона. Десниот бек Владица Брдаровски истакна дека секој противник треба да се респектира, посебно поради фактот дека Вардар оваа сезона ќе настапува со доста подмладен состав. Но, сите во екипата се желни за докажување и за триумф на стартот од новиот шампионат.
„Без разлика со каков играчки кадар располага, Вардар секогаш против секого оди на победа, и така ќе биде и на мечот со Македонија ЃП. Имаме доста подмладен тим со неколку играчи кои ни се приклучија од младинскиот погон, но исто така меѓу нив има голема желба за докажување. Тие сакаат да се докажуваат, да се носат со нас поискусните, и даваат максимум на секој тренинг. Во тимот има одлична „хемија“, и сите заедно сакаме да ги освоиме трите бода, и да ја почнеме новата сезона со победа. Ние сме Вардар, и секогаш размислуваме само на триумф. Секако дека на секој натпревар ќе влеземе и со респект кон противникот. Не чека еден тежок натпревар, меѓутоа го чекаме подготвени да дадеме се од себе да дојдеме до трите бода“ – вели Брдаровски.
Но, и во редовите на Македонија ЃП владее оптимистичко расположение. „Лавовите“ веруваат дека може да дојдат до позитивен резултат, со желба и да го изненадат Вардар на стартот од новата сезона.
ПМФЛ – 1. КОЛО
ДЕНЕСКА (17:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА
АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 1-0
ШКУПИ – БОРЕЦ 2-0
РЕНОВА – СИЛЕКС 1-0
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)
