
По триумфот во претходното коло против Работнички, Вардар ја продолжува победничката низа во шампионатот славејќи со 0-1 на гостувањето против Ренова во Тетово во последниот натпревар од 4. коло во ПМФЛ.
„Вардарци“ сосема заслужено успеаја да им го нанесат првиот пораз на „гипсарите“ во натпревар кој имаше главно сосема израмнет тек.
Ренова во првото полувреме имаше две шанси но не успеа да ги искористи Селмани, а „црвено-црните“ можеа да дојдат до предност но дирекот спречи погодок по шутот на Бразилецот Реис Жуниор.
Во второто полувреме, во 63. минута Брдаровски пропушти убава можност обидувајќи се, но непрецизно, со глава од десеттина метри.
Сепак, тоа што го пропушти Брдаровски, успешно го реализираше 18-годишниот Џемал Ибиши. Само што влезе во игра на местото на Бојан Колевски, Ибиши во првиот контакт со топката по еден соло слалом во 65. минута носи водство за Вардар од 1-0.
Во финишот, во 89 минута Жука се обиде директно од слободен удар од околу 25 метри да донесе израмнување, но неговиот удар заврши за малку непрецизно покрај левиот дирек од голот на Гачевски. За конечна победа на „вардарци“.
ПМФЛ – 4. КОЛО
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР 0-1
ВЧЕРА
РАБОTНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 1-2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-1
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 1-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-4

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
