
Вардар беше лидер минатата сезона, заслужено на врвот, но сето тоа е минато и се растури како кула од карти. Тимот заслужи да игра во квалификациите за Лигата на шампионите, но раководството не успеа да најде начин да ги менаџира долговите и да добие лиценца за настап во Европа.
Во меѓувреме, се откажа спонзорот Сергеј Самсоненко, Град Скопје не сака да го добие назад клубот со долгови, па Вардар остана да се мачи со истиот раководен кадар, н со сериозно истенчен и неизвесен буџет.
Во една таква ситуација, прашање е колку може тимот кој му остана на располагање на тренерот Александар Васоски. Заминаа голем дел од носителите на играта од минатата сезона. Го нема капитенот Филип Гачевски, Аврамовски чека трансфер, заминаа странците Новак, Реис Жуниор, исто како и Тошевски, Брдаровски…
Вардар немаше нити „нормални“ подготовки, се собраа вардарци десетина пред стартот на новата сезона, ќе го почнат новиот шампионат без ниту еден одигран пријателски натпревар.
Борец ќе биде првиот тест на силите за Вардар. Тимот на Горазд Михајлов заврши на деветтата позиција во прекинатиот шампионат, но остана во елитата поради проширувањето на Првата лига на 12 клуба. Приоритетите на велешани се да обезбедат опстанок и да се пласираат во „златната средина“, а секако би сакале на стартот од новото првенство да го земат скалпот на грогираниот Вардар.
Поради безбедносни мерки од коронавирусот, натпреварите во Првата лига ќе се играат без присуство на публика и под посебни протоколи…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – СЕЗОНА 2020/21
ВАРДАР – БОРЕЦ (денеска, 17.30 ч.)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (утре, 17.30 ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
