Вардар продолжува да импресионира во пролетниот дел од сезоната, покажувајќи шампионски дух и форма без пораз во последните 14 натпревари. Денеска, на тешкото гостување во Чаир, „црвено-црните“ славеа со 0-2 против големиот ривал Шкупи.
Головите за победата ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. минута. Вардар одигра одличен меч пред околу 3.000 гледачи, и покажа зрелост и карактер, иако тренерот Гоце Седлоски беше исклучен во првото полувреме.
Само неколку моменти по неговото исклучување, Мато со прецизен удар од десната страна го матираше Денковски, носејќи предност за Вардар. Во вториот дел, по нафрлување од слободен удар од Закариќ, Матиќ со глава од непосредна близина го постави конечниот резултат.
Со оваа победа, Вардар се искачи на шестото место со 38 бодa, а има шанси да го помине и тимот на Гостивар, особено ако тие не продолжат со натпреварување до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













