
Вардар е нов лидер на табелата во Првата фудбалска лига по седмото коло, откако убедливо го совлада Силекс со 3-0 на домашен терен. Шкендија влезе во победнички ритам и со 2-0 го победи составот на Струга ТЛ, а Академија Пандев ремизираше без голови против Шкупи.
Ренова славеше минимално (0-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Реис Јуниор во 22.минута го отвори резултатот во корист на Вардар, а до крајот на привот стрелаа и Даниел Аврамовски во 38.минута и Дарко Мицевски од пенал во 43.минута.
Шкендија славеше со 2-0 против Струга Трим Лум. Во 9.минута, Марјан Радески со удар со глава донесе водство, а Бесарт Ибраими во вториот дел погоди за заверка на трите бода во 59.минута.
Академија Пандев ремизираше без голови против Шкупи, а Ренова освои три бода на гости во Ѓорче Петров со победата (0-1) над Македонија ЃП. Илирид Адеми беше стрелец на победничкиот гол во 50.минута.
Борец и Работнички вчера ги поделија бодовите во Велес.
ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – СИЛЕКС 3-0
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 0-1
ВЧЕРА: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Табела: Вардар 16, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкендија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
