
Најтрофејниот македонски клуб Вардар по убедливиот пораз (4-0) од Шкендија во Тетово има нов голем предизвик во денешното деветто коло. На Националната арена „Тодор Проески“ ќе гостува актуелниот шампион Струга Трим Лум, кој исто така не го започна најдобро новиот шампионат.
„Ова ќе биде важен натпревар за нас како тим, бидејќи сакаме со победа да одиме на втората репрезентативна пауза. Натпреварите против Вардар се секогаш посебни, особено за мене како фудбалер кој доаѓа од Скопје. Овој тим го гледам како ривал на зелениот терен, каде ветувам дека ќе го дадам максимумот, иако имав некои проблеми пред мечот со Гостивар. Не дека премногу ја следам статистиката, но можам да кажам дека сум подготвен за петта победа во соочувањата против Вардар“, изјави Кривањева.
Шкендија денеска има тешко гостување во Кратово каде ќе се соочи со Силекс.
„Оваа недела беше многу добра, ги искористивме деновите што ги имавме на располагање за да се подготвиме најдобро што можеме за тоа што следи. Во тимот владее многу добра атмосфера и сме многу мотивирани да одиме по победа во Кратово“, истакна Решат Рамадани, фудбалерот за врска на Шкендија.
Работнички ќе се обиде да ја задржи непобедливоста и на денешниот дуел против Воска Спорт во Охрид.
Гостивар е домаќин на Беса и фаворит за триумф на овој меч, а Шкупи со нов тренер ќе се сретне против Брера на Чаир.
Пелистер во Битола ќе го пречека составот на Тиквеш.
ДВОЈКИ, ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО (ДЕНЕСКА, 14 ЧАСОТ)
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – БРЕРА
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – БЕСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
