
Стартува третиот круг од Првата фудбалска лига, а пред нас е интересно 23. коло. Во фокусот е дербито во Кратово меѓу Силекс и Вардар.
Ќе биде возбудливо да се види дали Вардар ќе успее повторно да го надигра Силекс, откако го елиминираше од Купот. Домаќините се умерени фаворити затоа што играат на свој терен, но Вардар со засилувањата од зимскиот преоден рок има свои шанси за успех.
Шкендија и Струга ТЛ влегуваат како големи фаворити во нивните дуели. Лидерот ќе се обиде да се врати во победнички ритам и да ја продолжи доминацијата против Пелистер, додека Струга ТЛ на домашен терен против Воска сака да остане во трка за врвот.
Шкупи на Чаир ќе се соочи со Беса, а Гостивар ќе биде домаќин на Брера. Домаќините, барем на хартија пред мечот, се многу поблиску до освојувањето на трите бода, но ќе треба да одиграат и да го потврдат квалитетот и на терен.
Колото ќе се заокружи утре со мечот меѓу Работнички и Тиквеш, кој исто така носи своја неизвесност.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО (денеска, 14 часот)
СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТЛ – ВОСКА
ШКУПИ – БЕСА
ГОСТИВАР – БРЕРА
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
