
Најтрофејниот македонски клуб Вардар доведе уште едно квалитетно засилување оваа зима. Нов играч на „црвено-црните“ е досегашниот напаѓач на Пелистер, Михаил Талевски. Се работи за еден од најталентираните млади напаѓачи во Македонија, кој покажа голем потенцијал во првиот дел од сезоната во дресот на Пелистер.
Михаил Талевски има 20 години и сигурно ќе биде голема перспектива и на Вардар и на македонскиот фудбал.
Раководството на Вардар најави дека до заминувањето на подготовки во Анталија ќе ангажира уште три нови имиња. Талевски е веќе вардарец, а се очекува да потпишат и Влатко Стојановски и Роџерс Мато.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП
