
Вардар уште денеска, на две кола до крајот на првиот дел од сезоната 2019/2020, би можел да слави есенска титула. Доколку црвено-црните во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига слават на гостувањето против Силекс во Кратово, а Академија Пандев ремизира или загуби на гостински терен од Шкупи тогаш „вардарци“ и дефинитивно ќе ја завршат есентта на челната позиција на табелата.
Сето тоа е силен мотив за составот на Александар Васоски, кој поради суспензијата од трибините ќе мора да го следи денешниот натпревар.
Но, и Силекс посакува победа како би ја продолжил битката за задржување место меѓу водечката четворка во шампионатот.
По високата победа од 6-1 против Ренова, шампионот Шкендија без сомнение ќе атакува на нови три бода и против Струга ТЛ во денешното 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци во Струга патуваа желни за нова победа со која дополнително би се доближале бодовно до водечките Вардар и Академија Пандев, во очекување на нивни киксеви во Кратово и во Чаир.
Работнички, пак, нема првенствена победа во последните шест кола, позицијата на табелата не дозволува негативната низа да продолжи, а денешниот ривал Борец е еден од директните конкуренти за опстанок. Оттаму во редовите на „романтичарите“ има максимална мобилизација, желни за безусловна победа.
„Сами дозволивме да бидеме во една ваква ситуација и самите треба да се извлечеме. Има квалитет во овој тим на Работнички, но едноставно работите не одат најдобро на резултатски план. Мораме да сториме се за да го добиеме мечот со Борец. Можам да кажам дека тоа е како финале за нас, бодовите ни се повеќе од потребни. Верувам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да го совладаме противникот“ – вели капитенот на Работнички.
ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Евро-фудбал
Квартет на Челси се враќа во ритам

Евро-фудбал
Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија

Евро-фудбал
Мбапе го пропушта мечот против Баерн во ЛШ?

Интернационалци
Лука Војнески потпиша за Опатија

Втора лига
Гостивар ремизираше со Викторија Берлин

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)
