Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан, е подготвен да седне на преговарачка маса за да го обнови договорот со клубот. Актуелниот договор на Французинот е до летото 2024 година, но тој јасно стави до знаење дека е подготвен да започне преговори за негово продолжување, пренесува „Манчестер Ивнинг њуз“.
Во последниот месец, 30-годишниот Французин го загуби стартното место во тимот на Ерик тен Хаг. Во последните натпревари, сепак, се врати во стартниот состав и остави добар впечаток со своите настапи, дури и беше избран за играч на натпреварот на дербито со Ливерпул (0-0).
Во оваа фаза не е јасно дали челниците на „Олд Трафорд“ се подготвени да го обноват договорот со Варан. Голем дел од ова може да зависи и од новите директори кои се очекува да дојдат во клубот со доаѓањето на Сер Џим Ретклиф. Тие ќе го кажат последниот збор, како и менаџерот Ерик тен Хаг.
Во меѓувреме, се повеќе се зголемуваат информациите за интерес за францускиот дефанзивец од различни клубови. Неодамна беше поврзуван со Баерн Минхен, а кон него сигурно посегнуваат и екипи од Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













