
Реал Мадрид ова лето се обидува да го донесе Килијан Мбапе, кој се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и би можел да замине без обештетување следното лето. „Кралевите“ се обидоа во трансферот да го вклучат и сонародникот на Мбапе, Рафаел Варан, но францускиот дефанзивец го избра Манчестер Јунајтед пред ПСЖ.
Договорот на Варан истекува следното лето, тој не сака да го продолжи и наводно веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, кој работи на неговиот трансфер. Сепак, Реал не го пушта да замине за помалку од 60 милиони евра.
Варан сака да оди на „Олд Трафорд“ и не му паѓа на памет да ги смени плановите и да се пресели во ПСЖ само за да му помогне на Реал.
Јунајтед засега не сака да плати 60 милиони, но понуди 45 и бонуси. Синоќа излезе информација дека двата клуба ќе се договорат на сума од 58 милиони евра. Но, Реал Мадрид бара да бидат фиксни, а Јунајтед сака дел од нив да бидат низ бонуси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
