
Фудбалерите на Пехчево ремизираа (2-2) на гостувањето против Каменица Саса во 22. коло од Втората лига – Исток. Сепак, пехчевци тврдат дека останале без триумф само поради тенденциозното судење на делителите на правдата на сметка на Пехчево.
Шефот на стручниот штаб на Пехчево, Иван Варадиновски. иако никогаш досега воопшто не го коментирал судењето на натпреварите сега, како што вели, не можеше сега да замиже пред неправдите направени кон неговите фудбалери. Посебно, по крајно неоправдано досудениот пенал од кој Каменица Саса се спаси од пораз, и покрај тоа што претходно беше досуден гол-аут за Пехчево. Но, по повеќе од една минута главниот судија се одлучи да ја промени одлуката досудувајќи пенал за домашните.
„Честитки до сите мои играчи кои денеска се морални победници од натпреварот во Македонска каменица. Евидентно беше дека не можеме и против судиските одлуки. Се надевам дека надлежните лица одговорни за судиите во ФФМ добро ќе ги погледнат сите спорни моменти, како во иднина не би се случувале вакви работи“ – изјави Варадиновски по натпреварот со Каменица Саса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
